Печен компир со печурки

Овој неодолив рецепт можете да го подготвите и во посена или во мрсна верзија комбинирајќи го со парче месо.

Потребни состојки:

компири
печурки
путер / масло
сол
бибер
вегета

Начин на подготовка:


Првин компирот измијте го и излупете го, потоа исецкајте го на мали коцки. Зачинете по вкус и ставете ги на хартија за печење.

Пачете 15 минути на 150 степени целзиусоиви. Додадете ги измиените и исецкани печурки. Промешајте и оставете ги во рерната да се печат уште 10 минути на 180 степени.

На крајот декорирајте по желба и послужете.

Пријатно јадење.