👁️  75

Македонската книжевна историја започнува со основањето на Охридската книжевна школа во Охрид во југозападна Македонија во 9 век со помош на св. Климент Охридски. Карактеристично за оваа книжевна школа е единството на јазични и правописни црти и продолжувањето на кирилометодиевската дејност и традиција. Со помош на Охридската книжевна школа народот го пронашол својот народен, јазичен и културен идентитет.

Старата македонска книжевност е поим со кој се опфаќа книжевноста на црковнословенскиот јазик од македонската редакција. Старата македонска книжевност е поделена на два поголеми историски периода, пред отоманското завладување на Македонија и за време на отоманската власт на Балканскиот Полуостров.  Овој период е карактеристичен по својата религиска содржина, како и развојот и формирањето на македонските дијалекти со своите јазични карактеристики, кои почнале да се одделуваат и разликуваат од општословенската јазична практика.

Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжени периоди во историјата на јазикот. Овој период е карактеристичен првично по употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд. Грубо гледано, овој временски период започнал од завршувањето на Втората светска војна, некаде во 1943/ 1944 година. Од првата генерација македонски писатели,како што се Славко ЈаневскиВладо МалескиБлаже КонескиСтале ПоповАцо ШоповГане ТодоровскиЃорѓи АбаџиевИван Точко, итн., па сè до современите Георги БарбаровскиПетре М. АндреевскиВлада УрошевиќДобре ТодоровскиВладимир МартиновскиБогомол ЃузелРадован ПавловскиЛидија ДимковскаНикола Маџиров, и другите, современата македонска книжевност изобилува со плодни автори – романописци, драматурзи, поети, раскажувачи и патеписци.

Паралелно со збогатувањето на на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и книжевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на вискообразовните институции во слободната македонска држава.

Поезијата секогаш ни го топли срцето, не насочува, не поттикнува да размислуваме и не надоградува. Кога се работи за поезија, најдобро е да се започне од домашната, затоа што оние цитати и стихови напишани на мајчин јазик ги доживуваме  подобро од која и да било туѓа поезија.

Во ризницата на македонската поезија се кријат неверојатни љубивни стихови, кои допираат и до срцата на најтврдокорните.

Ова се дел од нив…

– Спијачите си спијат, сонуваат само сонувачите. (Влада Урошевиќ)

– И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)

– Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)

– Па сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане Тодоровски)

– Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)

– И ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина… (Гого Ивановски)

– Сѐ повеќе има жени со зелени очи, сѐ повеќе возови што не доаѓаат навреме. (Влада Урошевиќ)

– Дојди, свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме. (Славко Јаневски)

– Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. (Блаже Конески)

– Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото. (Кочо Рацин)

– Ќе ме сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина. (Гане Тодоровски)

– Патував долго, патував цела вечност, од тебе до мојата небиднина. (Ацо Шопов)

– Сама себеси врата – сама себеси клуч. (Анте Поповски)

– Голапче мало убаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене, кога в часот побегна? (Константин Миладинов)

– Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. (Ацо Шопов)

– Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам сам. (Никола Вапцаров)

– Еден ден ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. (Никола Маџиров)

– Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. (Кочо Рацин)

– Со благост те љубам тогаш кога правиш сѐ за да ми се одмилиш. (Елизабета Баковска)