Роберто Гарсија Парондо и понатаму останува дел од плановите на Мелсунгенза наредната сезона.
Спортскиот директор на германскиот клуб, Јеспер Ларсон, истакна дека во клубот и понатаму сериозно сметаат на шпанскиот тренер и за следната сезона.
РК Мелсунген зад себе има историска сезона во која го освои трофејот во Европската лига – еден од најголемите успеси во историјата на клубот.







