Фактот што толку многу луѓе во светот немаат храна е срам за човештвото, рече папата Франциско на Светскиот ден на храната што се одбележува денеска, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
-Фактот што толку многу луѓе немаат пристап до храна, вода и други основни потреби е навреда на нивното од Бога дадено достоинство, навреда што треба да го срами целото човештво и да ја мобилизира глобалната заедница на #Светскиот ден на храната (#WirldFoodDay), изјави папата на социјалната мрежа Х. (МИА)