👁️  355

Иако пред две недели потврди дека заедно со нејзиниот човек од сенка Драган Митковски ќе формираат партијата Правда, денеска Данела Арсовска обзнани дека наместо да формира партија, за која не може да ги собере потребните потписи, таа ја презема партијата Нова алтернатива.

Досегашниот претседател на коалициониот партнер на СДСМ Ѓорѓи Оровчанец дека си дал неотповиклива оставка и дека за тоа што се случува внатре во партијата никој не го информирал.

Јас веќе три месеци сум на боледување. За тоа што се случува во партијата никој не ме информирал и си дадов оставка од претседателското место. Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, ниту ме запознале, изјавил Оровчанец за „Фокус“.