Од вторник дожд со грмежи, пред 1 мај пад на температурата

Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време, со повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе има изолирана, а в среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.


-Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање, информира УХМР

Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.