👁️  243

Полицијата информираше за два одделни случаи на напади врз ученици во средни училишта во Скопје што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Мајка пријавила дека пред влез од средно училиште на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.С.(18) од Скопје.

Во вториот случај, 19-годишен скопјанец со иницијали Х.К. пријавил дека во училишен двор од средно училиште на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неколку други ученици.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.