Њујорк Никс до НБА финале по 27 години!

Кошаркарите на Њујорк никс приредија вистински спектакл во „Медисон сквер гарден“ и со убедливи 130:93 го совладаа Кливленд со 4-0 во серијата.

Со ова, тимот од Њујорк обезбеди место во големото финале на НБА, првпат по 1999 година.

Никс до победата стигна со одлична тимска игра, предводен од Карл-Ентони Таунс со 19 поени и 14 скока. По 16 поени постигнаа Џејлен Брансон, Мајкл Бриџис и Ландри Шамет.


Сега Никс го чекаат победникот од финалето на Западот меѓу Оклахома и Сан Антонио.

Њујорк последен пат го освои шампионскиот трофеј во 1973 година – а сега сонот е повторно жив.