Нивото на Преспанското Езеро пониско за еден сантиметар

Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што информира УХМР, водостоите на сите три езера се пониски од августовскиот просек.