“Имаме мерки кои што ги гледаат граѓаните на бензинските пумпи. Имаме најевтино гориво во целиот регион и бројни граѓани од сите наши соседни држави од Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Косово доаѓаат и точат гориво што многу зборува. Паралелно, приштинскиот аеродром целосно се снабдува со керозин од Македонија, делумно и аеродромот во Ниш, што значи не само што целосно ги снабдуваме двата наши аеродроми туку опслужувме и аеродроми во соседството и мислам дека таа паментна политка на премиерот Мицкоски ги дава резултатите” – истакна вицепремиерот Николоски.








