👁️  68

Александра Тасевска од Велес уште од мала е отфрлена од своето семејство и е исфлрена на улица. Преживеала буквално се, од гладување до преспивање под мостови.

За жал и ден денес е под отворено небо со своето малолетно дете, често гладна и во неизвесност што понатаму и како да го изведе детето на прав пат.

Можеби да не била отфрлена, ситуацијата би и била подобра, па така таа уште од мала била искористувана и била предмет на подбивање.

На 15 години ќе остане во блажена состојба и ќе биде приморана со детето да спие под мостови, за среќа ја пронаоѓа една баба која ја вдомува и ја сака како своја ќерка, а детето како свое внуче.

Токму тоа внуче по име Никола денес има осум години и живеат во куќата на бабата која за жал повеќе не е на овој свет.

Тие се препуштени сами на себе, живеат без денар приход, без секојдневен оброк, без струја и основни човечки услови за живот.

Доста млада преживеала не згода од која едвај останала жива, сето тоа ќе и се одрази на понатамошниот живот, а на 12 години ќе биде набркана од дома.

– На 12 години ми рекоа да го напуштам домот, ме оставија на улица, како знам и умеам да се снаоѓам ми рекоа дека повеќе не можат да се грижат за мене.

– Кога бев средношколка ми се случи настан што цел живот ќе го паметам. Ме земаа и ме искористуваа цели тринаесет дена.

– Потоа заминав и мостовите едноставно беа мои дом и таму спиев. Решив да си го средам животот и се омажив, но не одеше, морав да се спасам и повторно завршив под мост.

– Спиев под мост и тоа во блажена состојба, а таму ме најде баба Цецка. Бев гладна цело време, но немав друго решение.

– Исто така голема бо лка ми е што неможам да си го видам другото дете, кое ми го одземаа веднаш штом се породив и ме набркаа од дома.

– Знам само дека се вика Дарио, сега не знам ниту како изгледа. За среќа ме прибра баба Цецка и ми рече дека додека е таа жива ние може да живееме овде, но сега таа не е повеќе помеѓу нас и се промени буквално се.

– Јас ја изгубив работата поради здраствени проблеми, немам никакви примања, покрај мене и Никола има големи последици, вели Александра пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Немам ниту денар приход, не можам да земам ниту социјална помош ниту да аплицирам за социјален стан бидејќи се уште се водам во брак.

– Не можам да се разбедам бидејќи немам пари за тоа. Ми ја исклучија струјата имам долг над 30.000 денари, додава Тасевска која секој момент може да биде набркана од оваа куќа од страна на внуците на баба Цецка.

– Само преку ден можам да пишувам и да читам, но што се стемни морам да си легнам. Многу би сакал да јадам шпагети, не сум јадел пет- шест месеци, вели малиот Никола.

– Би сакал да имам телефон и лаптоп, исто така сакам да возам велосипед а кога ќе пораснам сакам да станам фудбалер, додава ова храбро момче.

Доколку сакате да и помогнете на оваа храбра мајка со своето чедо да чекори исправено во животот тоа може да го направите на телефонскиот број 076 856 882 или на трансакциската сметка 300087079723027