Ник Кирјос нема да настапи на УС Опен

Австралиескиот тенисер Ник Кирјос се повлече од УС Опен откако претходно се повлече од Мастерсот во Синсинати.

Од почетокот на оваа година одигра само еден натпревар и очигледно повредата на зглобот нема да му се санира.

Потсетуваме, во понеделник започнува Мастерсот во Синсинати, а таму ќе игра и Новак Ѓоковиќ.