👁️  173

Американските и унгарските конзервативци мора да ги обединат силите на изборите во 2024 година во Вашингтон и Брисел за да ги „преземат“ институциите од либералите кои ја загрозуваат западната цивилизација“, изјавил вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот националист Орбан, зборувајќи на митингот на конзервативците во Далас, исто така изјавил дека на САД му е потребен моќен лидер за преговори за мировниот договор со Русија за да заврши војната во Украина.

„Само моќен лидер може да преговара за мир. Потребна ни е моќна Америка со моќен лидер“, изјавил Орбан во обраќањето на Конференцијата на конзервативните политички акции (CPAC), истакната американска политичка организација.

Орбан посебно не се осврнал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп којшто јавно најави дека повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година. На Трамп го поддржаа повеќе од 100 конзервативни кандидати воочи овогодишниот американски меѓуизбор.

Орбан и Трамп имаа срдечен однос и унгарскиот лидер го поддржа Трамп воочи гласањето во САД во 2020 година. Пред конференцијата CPAC, му посака на Трамп успех во видео-порака.

Како и Трамп во САД, Орбан беше широко критикуван во Европа. Лидерите на Европската унија, чиј член е и Унгарија, изјавија дека тој ја нарушува демократијата со мерките кои ограничуваат имиграција и на неговата влада ѝ даваат контрола над медиумите и невладините организации.Орбан, којшто во април повторно беше избран за четврт последователен мандат, изјави дека влоговите во 2024 година се високи. Покрај изборите во САД, Европејците истата година ќе гласаат за место во Европскиот парламент.

Овие две локации ќе дефинираат два фронта во борбата за западната цивилизација. Европските и американските националистички христијани мора да ги обединат силите“, изјавил Орбан.

Нарекувајќи се себеси „старомоден борец за слобода“, Орбан изјавил дека Унгарија и неговата влада е „под опсада на прогресивните либерали“, пренесува хрватски „Јутарњи“.

Тој изјавил дека „модерните (напредни) луѓе“ настојуваат да ја одвојат западната цивилизација од нејзините христијански корени. Остар став на неговата влада против имиграцијата, про-семејната политика и отфрлање на родовата идеологија се противат на тие напори, додал тој.

Оваа војна е културна војна. Мора да ги ревитализираме нашите цркви, нашите семејства, нашите Универзитети и нашите социјални институции“, изјавил тој.

Во договор минатиот месец, Орбан изјавил дека за разлика од Западна Европа, каде локалните жители се мешаат со неевропските имигранти, Унгарија не е земја за „мешана раса“.

Неговите зборови предизвикале осуда во САД, Европската унија, еврејските групи и академиците.