Незаборавен рокенрол викенд во Куманово: „Bears Moto Rock Festival“

Мото клуб Bears од Куманово, под мотото „Срце без граници“, ве поканува на најголемиот мото-рок спектакл во 2026 година — Bears Moto Rock Festival! Од 12 до 14 јуни, спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово ќе пулсира во ритамот на рокенролот, моторите и незаборавната фестивалска атмосфера. Три дена исполнети со врвна музика, адреналин, дружење и вистински бајкерски дух.


На сцената ќе настапат легендарните Van Gogh, Dani Dimitrovska, Rok Apoteka, AC/DI European Tribute и Guadalupe Plata, Tumba i Overload кои ќе донесат вистинска рок експлозија под отворено небо. Дневни активности,печење прасиња, аниматори за деца и pole dance show Студио Полетај. На 14 ти јуни ќе не забавува DJ Dare на традиционалниот бајкерски појадок по што третиот фестивалски ден воедно и фестивалот ќе биде затворен со испраќање на гостите. Влезот е целосно БЕСПЛАТЕН, а фестивалот е отворен за сите љубители на рок музиката, моторите и добрата енергија. Бидете дел од настан кој ги спојува музиката, слободата и пријателството — со срце без граници!