НЕОЧЕКУВАН ФЕНОМЕН ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Брегот преполн со риба (КЛЕН), експертите објаснуваат зошто! (ВИДЕО)

Веќе неколку дена на брегот на Охридското Езеро, на албанска страна кај Подградец, е забележано присуство на голем број риби од видот клен, односно од фамилијата на крапот, објави албанската локална телевизија Televizioni SOT7.

Според експертите, овој феномен е резултат на мерките преземени во последните три години од страна на надлежните органи, со кои се обезбедени подобри услови за размножување на овој вид риба.


Надлежните апелираат за почитување на риболовните правила со цел заштита на водното богатство. Според најавите, ваквиот феномен се очекува да продолжи и во наредните денови, информира Televizioni SOT7.