👁️  131

Напаѓачот на Бразил, Нејмар ги сподели своите емоции по заминувањето на тимот од Светското првенство во 2022 година.

-Мислите за пораз сè уште ме повредуваат. Бевме толку блиску, толку блиску…За жал или за среќа, сè уште не научив како да губам. Поразите ме прават посилен, но премногу ме повредуваат и се уште не сум навикнат на тоа. Во секој случај, мора да продолжиме понатаму… животот не принудува да одиме напред. Дури и ако боли и раната не зараснува долго време, мора да продолжиме понатаму. Уште еднаш, сакам да му се заблагодарам на бразилскиот народ за поддршката и наклонетоста. Ти благодарам Катар за се… Купот беше убав и требаше да се врати во Бразил, но судбината ни подготви многу друго, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година, репрезентацијата на Бразил загуби од селекцијата на Хрватска (1:1, 2:4 – на пенали). (МИА)