Лос Анџелес Лејкерс се на еден чекор од пласман во следната рунда од плејофот, откако ги победија Хјустон Рокетс со 112-108 по продолжение и поведоа со 3-0 во серијата од првото коло во Западната конференција.
Леброн Џејмс шостигна 29 поени и 13 скока. Искусниот кошаркар погоди тројка кон крајот на регуларното време со која Лејкерс се во продолжение.
Кога се чинеше дека Лејкерс се лизгаат кон пораз, „Кралот“ ја презеде контролата – ја украде топката, а потоа погоди тројка на 13 секунди до крајот за да го израмни резултатот (101-101) за продолжение.
Во дополнителните пет минути, Лејкерси беа посигурни. Смарт повторно беше клучен – погоди важна тројка, а потоа и неколку слободни фрлања во финалето. Го заврши натпреварот со 21 поен и 10 асистенции, додека Руи Хачимура додаде 22 поени.
Од друга страна, Рокетсите играа без Кевин Дурант, кој го пропушти натпреварот поради повреда, но и покрај ова, беа блиску до триумф. Брилијантниот Алперен Шенгун доминираше со 33 поени и 16 скока.








