👁️  1986

Писателката Ксенија Николова е една од ретките млади автори во Македонија чии книгите се објавени во странство, и тоа на три јазици, англиски, руски и бугарски.

Нејзиниот последен роман, „Незадоволна“ неодамна беше издаден во Англија, а издавачката куќа „Кинглсли“, со која соработува последните години, ја опиша Ксенија како феноменална писателка.

Николова, која првите книги ги пишуваше во машки род, сега приказните ги раскажува од женски аспект или како нутрален набљудувач. Таа денеска покажа дека знае да биде и многу секси.

– Денес денот навистина убав, порача писателката.

Ксенија во јавноста важи за девојка која искрено говори за сè. Не крие дека се бори со анксиозноста. Првиот паничен напад го имала на 19 години, кога живеела во Америка, но оттогаш научила како да го контролира.

„Тогаш не знаев што ми се случува, но со мојот психотерапевт Розалија најдовме техники како да се ослободам од нападите и да се вратам во реалноста, да сфатам дека ништо од тоа што ме плаши не е вистина. Но најмногу ме смирува кога ќе дојдам дома, тоа е мојата оаза“, ни кажа таа.

Со нејзиниот сопруг, кој е ракометен судија, веќе некое време безуспешно пробуваат да станат родители. Ксенија неколку пати била на различни ин витро третмани, и иако за сега не даваат резултат, не се обесхрабрува.

„Не можам да молчам на толку важна тема кога знам колку луѓе се соочуваат со ова. Неплодноста е многу честа појава, а јас бев изненадена колку луѓе ме исконтактираа и ми кажаа дека го имаат истиот проблем. Чувството дека не си сам во ова прави да ти биде полесно. Тоа е долг, емотивен пат, а неуспехот е нешто што мора да го прифатиш и да продолжиш понатаму. Се креваме со сопругот еден со друг. Некогаш јас не можам повеќе, па тој ми дава надеж, некогаш кога нему му е тешко по неуспешен третман, јас го водам напред. Тој ме поддржува во тоа дека зборувам јавно за неплодноста, бидејќи поминува низ истото што и јас, а и нему му помага кога ќе има со кого да поразговара“, раскажува Ксенија со многу емоции.

Сите овие премрежја во животот ја поттикнаа Николова да ја создаде платформата „Подобри жени подобар свет“. Таму секоја жена ќе може да слушне совети, да прочита информативни текстови, да побара помош.