Роден е како едно од шесте деца во семејство со српско потекло во с. Мирковци, недалеку од Винковци – Славонија, Република Хрватска. На 14 години оди да учи во Загреб, каде подоцна запишува и Филозофски факултет кој никогаш не го завршува. По стапките и насоките на неговиот татко, започнува да се занимава со карате, каде ќе дотурка до црн појас 2 дан.
Ќе има и обиди да стане рок ѕвезда, откако же го оформи својот бенд со необично име – „Хладовина“, каде тој ќе биде главниот вокал, но… Музичката кариера ќе ја напушти откако ќе се сретне со филмовите и стендап настапите на познатиот американски актер, комичарот Робин Вилијамс кој ќе му биде главна инспирација да започне да се занимава со она во што денес е еден од најпознатите и најпопуларни во регионот.
Започнува скромно, со настапи по локали, помали клубови, дискотеки, за денес со својот хумор да ги полни големите спортски или концертни сали, иако не е музичка ѕвезда.
Сепак, да ја стекне популарноста најпрвин ќе му помогнат социјалните мреѓи, особенмо ТикТок каде ќе го споделува својот хумор и досетки, како и ТВ емисјата „Стање нације“ каде ќе се прослави како хумористична репортерска ѕвезда.
Оженет е и е татко на три деца – два сина и ќеркичка која со сопругата ја добија минатата 2025 година и и’ дадоа необично и помалку чудно име – Слобода!
Со сопругата и семејството живее во Загреб, во населбата Трн каде сам во дворот сади и одгледува органски зеленчук. Има растечка популарност и безброј настапи и како што самиот вели, повеќе е надвор отколку дома, па нема да го зачуди ако еден ден ќеркичката кога ќе го види на домашната врата да рече? „Мамо види кој ни дошол на гости, еве го Винча“!
Во рамките на големата регионална турнеја, на 08 мај во Македонската филхармонија ќе го има своето воопшто прво стендап шоу во Македонија, насловено: „Комедијата е сериозна работа“!
За родното Мирковци, каратето и рок ен ролот, за почетоците и хуморот, за идолите и инспирацијата, за тоа на пшто најмногу се смеат различните нации – на политиката или животните ситуации, за хуморот на своја и туѓа сметка, за најпријатните и најнепријатните ситуации во кариерата, за интеракцијата и изборот на „жртвите“ во публиката, за конкуренцијата и односите меѓу стендап комичарите, за тенката линија меѓу глумата и стендапот, за тоа како хуморот на нивна сметка го поднесуваат јавните фаци и политичарите, за репертоарот и автоцензурата во сопствената глава, за сопругата и семејството, за неговиот земјак Јаков Јозиновиќ и познанството со него…
И за уште мноштво нешта кои не сте ги знаеле за новат голема регионална стендап ѕвезда, Горан Винчиќ – Винча кој ексклузивно достува во најновото издание на интер ток шоуто во „Ништо лично“, кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски.








