Најдобриот стрелец во Словенија е петтото засилување на Е. Пелистер за наредната сезона

Македонскиот ракометен тим Е.Пелистер претстави уште едно засилување за следната сезона.

Нов член на пелистерци ќе биде младиот Малик Татар, ракометар кој што доаѓа од Словенија и е најдобриот стрелец во тамошното првенство.

Словенецот се обврза на двегодишен договор со македонскиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.


Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ

„Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи.

Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер“, стои во објавата на клубот.