Над 84.000 луѓе живеат со 50 денари на ден, 500.000 живеат со 150 денари – Василевска во Топ тема

Ниска инфлација од 2,5 проценти, ниската невработеност од 7,5 проценти, растот на економијата до пет проценти годишно, заедно со капитални инвестиции од три милијарди евра се реална инјекција за спас на македонската економија, истакна Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата на ТВ Телма.

„Од овој аспект, дали платата ќе биде волкава или толкава ги сметаме за несоодветни во еден ваков период на неизвесност, кога треба да се постават темелите и кога треба да се направи една транспарентна економска политика во која самата инфлација нема да ги изеде овие покачувања на платите“, изјави Василевска.

Таа нагласи дека сиромаштијата во Македонија денеска го достигнува пикот.

„Преку 500.000 граѓани во Македонија дневно живеат со 150 денари, преку 84.000 граѓани со помалку од 50 денари. И тоа е реалниот одраз на другите аспекти кои што се рефлектираат и во македонското општество“, вели Василевска.