На 31 јули во Охрид: Ареа со голем солистички концерт во Антички театар

Во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на „Античкиот театар„ во Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок групи, АРЕА која на 31. јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под  отворено небо.

Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички опус како: „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“… но и сите останати парчиња од нивниот „ѓердан на музички скапоцености“ нанижан во повеќе од успешната тридецениска кариера.

Софистицираната, а сепак жестока концертна свирка, во која доминираат моќниот и  убедлив, специфичен вокал на Ружица и прецизните гитарски делници на Ивица, поддржани од цврстата ритам-секција, хармонската подлога на клавијатурите и дискретниот придружен вокал на Елена, настапот на АРЕА го прават концертен перформанс со загарантирано уживање.


Особено кога нивнот концерт се одвива во уникатен културно-историски амбиент под ѕвездено небо каков што нуди Античкиот театар во Охрид, тогаш доживувањето е единствено!

Затоа не пропуштајте го концертот на АРЕА на 31. јули (петок), во  „Античкиот театар„ во Охрид, настан во организација на Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“, проект поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и можат да се набават онлајн на www.wayin.mk или кај „Аждерот“ во Охрид.