Две патнички возила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош, а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи, додека истрагата за причините е во тек.
Според официјалните информации, на 26.04.2026 околу 5:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени патничко возило Audi со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (58), како и патничко возило Peugeot 307 со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (25). Повредени лица нема.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.







