👁️  250

Колкав е прагот на толеранција на надлежните претставници на Владата за раководството на државната компанија за производство на струја? Дали вчера го поставија „црниот рекорд“ на не-производство? Верувале или не, вчера ЕСМ „успеа“ да ангажира дури 22% од целиот инсталиран капацитет на термоелектраните (РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј) … Дали Васко Ковачевски го допре дното?

ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) вчера произведе „дури“4.280 мегаватчасови струја од своите термоелектрани РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Дали е тоа добро? Еве фактографија за да го доловиме контекстот. ЕСМ има над 800 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја во неговите термоцентрали (3 блока во РЕК Битола со инсталиран капацитет од по 229 мегавати и ТЕЦ Осломеј со инсталиран капацитет од 110 мегавати).

Доколку сите овие производни постројки дадат максимум (што е можно само теоретски) на преносната мрежа би требало да предадат барем 800 мегавати (на праг на електрана н.з.) за еден час.

Колку мегавати произвел ЕСМ вчера просечно? Па 178,3 мегавати!!!

Тоа е помалку од 80% од инсталираниот капацитет на само еден блок во РЕК Битола! Или што е уште поважно – само 22% од целиот инсталиран капацитет на сите 4 термо-блокови (1 во ТЕЦ Осломеј и 3 во РЕК Битола).

Овие податоци навистина треба да ги загрижат, најблаго речено, или поточно вознемират сите планери на електроенергетскиот систем. Ако државните електрани на целата помпезност на директорот Ковачевски и поддршката и довербата од министерот Бектеши не може да произведе ниту 50% од инсталираниот капацитет тогаш на место е прашањето дали не е време за „ремонт“ во врвот на ЕСМ и на претставниците на Владата задолжени за енергетски прашања.

Особено затоа што зимата не е ниту почната, а ЕСМ не може да испорача ниту 50 отсто од инсталираната снага на четирите генератори на термоелектраните, пренесува Фактор.

Официјалното соопштение за производството на компанијата под водство на Васко Ковачевски може да го превземете на следниот линк https://vlada.mk/node/31074