МИСАЈЛОВСКИ ВО ПЕТРОВЕЦ: Заеднички проекти со општината за подобар живот на граѓаните

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска беше во посета на Општина Петровец каде оствари средба со градоначалникот Борче Митевски.


-На средбата се разговараше за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу Општина Петровец и Министерството за одбрана, со цел реализација на заеднички проекти и подобрување на условите за граѓаните, информира градоначалникот.