Мисајловски: Партнерството со САД се темели на меѓусебна доверба и силна соработка

Денес во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, предводена од заменик-помошник секретар во Пентагон Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор Никол Варнс, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и кон унапредување на одбранбената соработка преку нови иницијативи и инвестиции. Нашето партнерство се темели на меѓусебна доверба и силна соработка, кои се клучни за справување со современите безбедносни предизвици. Благодарност до САД за континуираната поддршка. Заедно продолжуваме да инвестираме во стабилноста, безбедноста и сигурна иднина, истакна Мисајловски.