Министерот за трговија и бизнисмени од Казахстан утре во работна посета на Македонија

Утре во работна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој ќе предводи делегација на бизнисмени од Казахстан. Делегацијата ќе учествува на Бизнис форум со претставници на македонската деловна заедница.

Во рамки на посетата предвидено е двајцата министри да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Програма на посетата:


09:00 – Пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

09:05 – Тête-à-tête средба

09:30 – Билатерална средба меѓу двете делегации

10:10 – Прес-конференција