Министерот Муцунски на средба со Клаудија Бауер: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност за стабилност и безбедност

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер.

На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда.


Министерот Муцунски ја потврди цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и спроведувањето на реформите.

Воедно, беше изразена благодарност за континуираната и силна поддршка од страна на Австрија, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Европската Унија претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на европскиот континент.