👁️  523

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, го започна новиот проект за ревидирање и адаптирање на делата на Петре М. Андреевски, со цел преку личен пример им покажа на писателите какви дела треба да создаваат за да го расположат народот и да ја насмеат публиката.

– Доста веќе со страдања, маки, црнила, клети душмани, фашисти…

Дајте нешто весело, нешто позитивно и прогресивно за еднаш да тргнеме напред и никогаш повеќе да не погледнеме назад, – рече министерката во своето обраќање по повод најавата на проектот. Таа се пофали дека прво дело на листата нејзини преработки е романот “Пиреј”, чие дејство ќе биде преместено во иднината, поточно во 2072 година, а главен лик ќе биде НАТО генерал, кој им помага на граѓаните на Нашата Земја да ги направат последните чекори кон портите на ЕУ, пренесува Коперација.