Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, поканет во емисијата „Дебата во Шења“, ги коментираше најновите политички случувања во земјата и барањата за предвремени парламентарни избори.
„Премиерот Христијан Мицкоски, пред два дена, беше многу јасен кога изјави дека нема да има предвремени избори. Истото го кажав и јас како вицепремиер“, нагласи Меџити.
Според него, на земјата во овој момент не ѝ се потребни избори, туку решенија и реализација на владината програма и ветувањата дадени на граѓаните.
Во врска со отсуството на заменик-министерот за одбрана, Меџити објасни дека тоа е техничко прашање кое се очекува да се реши по завршувањето на изборите.