Медведев го елиминира Алкараз. во финалето на УС Опен против Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Даниил Медведев го елиминира Карлос Алкараз во полуфиналето на УС Опен и во мечот за трофејот ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Шампионот од 2021 година победи со резултат 7:6 (3), 6:1, 3:6, 6:3, по речиси три и пол часа спектакуларен тенис.