Мец го совлада Ѓер и ја освои првата титула во ЛШ!

Ракометарките на францускиот Мец ја освоија титулата во Лигата на шампионите на ЕХФ, откако успеаја да го турнат од тронот унгарскиот Ѓер, во финалниот натпревар кој заврши со конечен резултат 31-29.


Најдобра ракометарка кај победниците беше извонредната Сара Буктит со 12 гола, а на спротивната страна, седум погодоци имаше Бразилката Алмеида Де Паула.