👁️  26

Во гостување на телевизија 24 советникот на претседателот Стево Пендаровски, професорот Ненад Марковиќ посочи дека на следните избори ќе дојде до промена на политичките сили во парламентот.

-Мислам дека сега веќе е небитна разликата дали ќе бидат предвремени или навремени избори. Во секој случај ќе има промени на политичките сили на политичката арема во Македонија и дефинитивно ќе се прераспределат мандатите малку поинаку од тока како што се распределени сега. А до уставни измени евидентоно е дека нема да дојде. По посетата на Ескобар ми беше јасно. Тоа е еден многу благ, би рекол незначителен притисок од САД, а ниту еден од европските политичари претерано не се вложи себеси да направи притисок- рече универзитетскиот професор Марковиќ.

Тој истакна дека можно е да се разговара за уставни измени по изборите, но колку по изборите не може да се знае.

Марковиќ посочи дека последната парламентарна седница на која се дебатираше за уставни измени и која заврши без гласање води повеќе кон нови избори, отколку кон уставни измени.

– Вака како што е поставено е поблиску до избори. КОга ја видов реакцијата на Ескобар и начинот како го употребуваше дипломатскиот речник, мене ми се чини дека се имаат повеќе или помалку откажано од тоа да прават притисок, бидеји тоа ќе биде само контрапродуктивен – рече Марковиќ.