Манасиевски: Во раководството на СДС моментално има криминалец кој е осуден за злоупотреба на службена положба

„Кога Социјалдемократскиот сојуз зборува за криминал, добро е да ја потсетиме јавноста дека во ИО на СДС моментално има криминалец, тоа е господинот Филип Андов нарекуван Сокол. Значи, повторно ќе кажам член на ИО на СДС моментално е во затвор, е осуден за злоупотреба на службена положба, и е член на највисокото, наголемото извршно тело на СДС“, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Манасиевски посочи дека во раководството на СДС моментално има криминалец кој е осуден за злоупотреба на службена положба и моментално е во затвор. Тој се осврна и на истрагата за поранешниот директор на Царинска управа, Стефан Богоев и истакна дека кон него исто така е поднесена кривична пријава, кој како што рече, повторно за злоупотреба на службена положба.

„Она што се случува со Богоев, дете на Зоран Заев кој го израсна, беше претседател на младината во СДС, па беше градоначалник на Општина Карпош, па беше директор на Царинска управа, и еве гледаме што тој правел додека раководел со таа институција. Но, еве имаме и денес уште една вест која ја прочитав на социјалните мрежи, а тоа е дека еден поранешен градоначалник од СДС, поднесено е кон него кривична пријава за, повторно злоупотреба на службената положба. Ако можам да заклучам, владеењето на СДС е владеење со криминал, владеење со афери, владеење со скандали, и владеење со местење на тендери. Ние друго од нив и не можеме да очекуваме“, рече Манасиевски.