Манасиевски: СДС преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави

СДСМ преку генералниот секретар Александар Димитријевиќ покажаа дека поради Зоран Заев се подготвени да соработуваат и да одработуваат за партии во други држави, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Манасиевски, средбата на Димитријевиќ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ во Скопје, на која, како што тврди, се договарала соработка, била организирана по насока на нивниот ПР шеф Башановиќ, а координирана од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„Со ова СДСМ директно се стави во услуга на странски партии за да им помага во нивните делувања и да формира некакви опозициски фронтови, додека во Македонија стануваат маргинална партија“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, ваквото однесување е резултат на личните и бизнис интереси на Заев со неговиот пријател Башановиќ.

Манасиевски оцени дека е „чудно до каде е подготвен СДСМ да тоне“ само поради, како што рече, нивниот „врховен лидер“ Заев.


„Се радуваат на победи на избори на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, формираат опозициски фронт во трта држава, шират антидржавни политики на четврта држава, но никако да делуваат во својата држава“, рече тој.

Во однос на рејтингот на СДСМ, Манасиевски истакна дека партијата живее во „имагинарен свет“, барајќи избори и покрај тоа што, според него, има само 4 проценти поддршка.

„Во СДСМ се потребни реформи што побрзо, бидејќи по следните избори може и целосно да исчезнат од политичката сцена“, порача Манасиевски.

https://www.youtube.com/watch?v=B995Eoa6TEU