Францускиот претседател Емануел Макрон денеска свика итен безбедносен состанок во услови на зголемен степен на тревога за терористичка закана предизвикана од убиството на наставникот минатата недела во Арас.
Училиштето во кое наставникот по француски беше смртно избоден со нож беше евакуирано откако потоа беше примена закана за бомба. Меѓутоа, неколку стотици ученици и наставници се вратија во зградата откако заканата за бомба се покажа дека е лажна.
Три лица се повредени во нападот, извршен од поранешен матурант во училиштето, осомничен за исламски радикализам.
Во саботата, Лувр и Версајската палата беа евакуирани по аларми, вклучително и за бомба.
Макрон го откажа планираното патување во странство за да свика пладневен безбедносен состанок со премиерката Елизабет Борн и други членови на владата, како и високи воени и антитерористички претставници. Тој требаше да учествува на самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во албанскиот главен град Тирана. (МИА)