👁️  432

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го поддржа говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Советот за безбедност на ОН, кој меѓу другото рече дека Америка нема право да зборува во име на целото човештво.

„Целосно поддржувам се што рече министерот за надворешни работи на Русија во Советот за безбедност. Тој ја кажа чистата вистина и ние се согласуваме со тоа што го кажа. Доста е од светот на ароганцијата, униполарниот свет и хегемонијата на американскиот империјализам и неговите европски вазали“, изјави Мадуро за венецуелската телевизија.

А ние исто така велиме дека никој не му дал право на Западот да зборува во име на целиот свет, додаде Мадуро и нагласи дека меѓународната заедница ја сочинуваат 194 земји, а не група земји кои имаат комплекс на ароганција уште од колонијалното време.