Ливерпул попладнево ремизираше 1:1 со Челзи на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига.
На голот на играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберг во 6. Минута, одговори Енцо Фернандез во 35. минута.
На почетокот на второто полувреме, судијата Крег Посон го поништи голот на играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, поради офсајд по интервенција на ВАР.
Ливерпул има 59 бода и е четврти на табелата во Премиер лигата, а остануваат уште два натпревара.
Челзи, со 49 бода, е деветти. Тимот ја прекина серијата од шест порази во лигата.
Следниот натпревар на „црвените“ во Премиер лигата е на гости против Астон вила на 15 мај, додека „сините“ се домаќини на Манчестер сити на 16 мај.








