Лишен од слобода скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром

На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол.

Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.