Лионел Меси и официјално потпиша нов договор со Интер Мајами, со кој ќе остане дел од клубот до крајот на сезоната 2028 во МЛС.
Претходниот договор на Меси истекуваше во 2025 година, а првите информации за продолжување беа објавени уште во април.
Новиот тригодишен договор значи дека Аргентинецот ќе го предводи клубот и при влегувањето во новиот стадион “Мајами Фридом Парк”, кој треба да биде отворен следната година.
Интер Мајами ја објави веста со видео во кое Меси го потпишува договорот на самото градилиште на новата арена.







