Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на патот кон Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот уште во првото коло од квалификациите за Ролан Гарос, откако беше поразена од Сузан Ламемс од Холандија.

Холандската тенисерка, која важеше за фаворит во овој дуел, славеше со 6-4 и 6-3 по еден час и десет минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа успеваше да биде рамноправна во поголем дел од мечот, но Ламенс беше посигурна во клучните моменти и дојде до предност од 1-0 во сетови.

Во вториот сет холандската тенисерка целосно го контролираше ритамот и без поголеми проблеми го приведе мечот кон крај за пласман во следната квалификациска рунда.