👁️  299

Целата јавност ги гледа последиците од Русковска обвинителство и Кацарска судство. Судот за човекови права во Стразбур потврдува дека нема услови за фер судење, дека постапките се сосема спротивни на стандардите, рече Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Лефков посочи дека правосудството во Македонија наместо по правни аргументи се води од политички.

„Што правеа лицата од судството и обвинителството градеа кариери на човечки судбини. И сите тие кои го правеле ова треба да одговараат. Едноставно е Судот од Стразбур кажа јасно дека правото на фер и демократско судење кое е основно човеково право кај нас го нема“, рече Лефков.

Пратеникот укажа дека и покрај овие пресуди кои треба да ги применуваат институциите во државава како да не добираат до нив.

„Има доказ дека судењата беа надвор од сите стандарди. А аздисаните претставници од СДС и ДУИ не престануваат со нанесување на штета и оваа година конечно ќе се ослободиме од оваа власт“, кажа Лефков.

Лефков се осврна и на истражувањата на јавното мислење кои покажуваат дека народот ја има вистинската слика за правосудството.

„Довербата во овие институции, во судството е во рамки на статистичка грешка или 98 проценти значи дека немаат доверба. На сето ова може да се додаде и целосниот распад на сите области, има лоша економија, има пад на квалитет на живот, нема пристап и правда и фер судење“, рече Лефков.