Лазаревски: Горд сум на нашите таеквондисти кои настапија на Светското првенство во Италија

Претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски искажа пофални зборови за Владимир Димитриевиќ и Божидар Димитриевиќ кои учествуваа на Светското првенство во Јесоло, Италија.

– Секој тренер, секој селектор би се гордеел да има натпреварувачи, кои иако од мала земја, не се аутсајдери и прават да се гордееме со нивните настапи со нивните победи, кои гордо и достоинствено ја претставија Македонија на ова Светско првенство. Овие успеси не би биле доколку не ја имавме поддршката од Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Министерството за спорт и Општината Охрид, изјави Лазаревски.

Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан – се натпреваруваше во сениори 18-34 години во борби -92 кг., во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи, кои беа поделени во 5 групи.


Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан – се натпреваруваше во сениори 18-34 години во борби борби – 78 кг. во неговата категорија имаше 31 натпреварувачи, кои беа поделени во 8 групи.

– Како и секое првенство, така и ова нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, носејќи се рамо до рамо со многу поискусните. Иако првпат излегуваат на Светско првенство како сениори, релативно млади, постигнаа вкупно три победи, од кои Божидар Димитиревиќ во неговата група извојува една победа над Монголија, додека две загуби од Бугарија и Грција, а Владимир Димитириевиќ како најмлад натпреварувач во сениорска конкуренција кој пред еден месец наполни 18 години извојува две победи во неговата група над Норвешка и Аргентина, додека со противникот од Русија изгуби со тесна разлика и за жал не отиде во четвртфинале, потенцира Лазаревски.

На првенството (5-12 октомври) настапија повеќе од 2.500 натпреварувачи од 74 држави.