Ландо Норис победник на спринтот во Мајами

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на втората спринт трка од овогодинешното првенство во Формула 1, која се одржа во рамките на Големата награда на Мајами.

Актуелниот шампион се најде на највисокото скалило на подиумот за првпат оваа сезона и стави крај на непобедливоста на Мерцедес од почетокот на шампионатот.


Најблиску до Норис беше неговиот колега Оскар Пјастри, кој остана речиси четири секунди зад него, а на подиумот им се придружи и Шарл Леклер со Ферари.

Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели ја помина целта на четвртото место, но веднаш по трката беше казнет за излегување од патеката, што го фрли на шестото место.