За најдобар тренер во англискиот клупски фудбал во сезоната 2025/26 е прогласен Френк Лампард, кој со Ковентри избори пласман во Премиер лигата и го врати клубот во елитата по пауза од 25 години.
Поранешниот англиски репрезентативец го предводеше од клупата Ковентри до титулата во Чемпионшип лигата со 11 бодови предност пред најблискиот ривал, што му го обезбеди „Трофејот Сер Алекс Фергусон“, доделен од Здружението на фудбалски тренери (ЛМА).
Лампард во гласањето го остави зад себе дури и Микел Артета, кој ја освои титулата во Премиер лигата со Арсенал, прва за лондонскиот клуб по пауза од 22 години. Како утеха, Артета ја доби наградата за тренер на годината во Премиер лигата.
„Твоите карактеристики, подеднакво како тренер и како лидер, јасно се рефлектира во начинот на кој игра твојот тим, со самодоверба и верба во себе. Уживав гледајќи го“, му порача легендарниот Алекс Фергусон на Лампард.







