Ковачки од Пехчево: Нашата цел е да граѓаните ја гледаат својата иднина овде

Денеска од народниот митинг во Пехчево, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори, свое обраќање имаше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Се радувам кога гледам колку луѓе се собраа тука, затоа што ова е доказ дека Пехчево има сила, дека Пехчево има визија, дека Пехчево има волја, дека Пехчево продолжува со мандатот на кандидатот Александар Китански. Нашата цел е да граѓаните ја гледаат својата иднина овде. Во селата и маалата на нашата општина, во Чифлик, Робово, Умлено, Панчарево, во Пехчево. Ајде да покажеме дека Пехчево не стои во место, туку дека продолжува да чекори напред со јасна визија за иднината, изјави Ковачки.

Тој истакна дека ова е мала но преубава општина која е спој на природата и традицијата.

-Со работа, верба и љубов без разлика на опструкциите што нашиот градоначалник ги имаше од Владата на ДУИ и СДСМ, сепак може да се пофали со успешна реализација и на капитални проекти, рече Ковачки.