Ковачки: Делчево има потенцијал да биде центар на развој со ново лидерство

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Делчево се обрати Драган Ковачки, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука сме со една цел, една мисла да го вратиме Делчево на делчевчани. Да покажеме дека Делчево заслужува повеќе, подобро и заслужува луѓе што работат со срце и со визија. Да го отфрлиме голиот Пи Ар кои ни создаваа илузии дека нешто се работело и гласно да ја кажеме вистината дека сме изморени од празни зборови. Како што паднаа во Македонија на централно ниво така ќе паднат и во Делчево на локално ниво, рече Ковачки.

Тој потенците дека делчевчани заслузуваат одговорно менаџирање со општината.

-За жал Делчево е во мртва трка со Гостивар и со други општини по задолженост по глава на жител. Неодговорноста има последици по развојот и по стандардот на живот по делчевчани. Во делчево имаме сѐ, освен соодветен менаџмент. Делчево има потенцијал да биде центар на развој, но му треба локална власт што ќе работи за гражаните, а не за лични интереси. Делчево мора да се ословоди од стегите на минатото и да тргне по патот на демократијата и успехот. Затоа велиме дека е дојдено времето за промени. Време е за нова визија и ново лидерство, рече Ковачки.