КОВАЧКИ: Да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што ја трасиравме заедно во 2021 година

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Македонска Каменица се обрати Драган Ковачки, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес сите што сме собрани тука имаме една заедничка цел, да ја потврдиме нашата доверба во луѓето што работат чесно, посветено и со срце, не за свое лично добро туку за доброто на сите нас. Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што ја трасиравме заедно во 2021 година, изјави Ковачки.


Тој потенцира дека треба да продолжиме со промените за подобро утро.

-За мене нашата Македонска Каменица не е само место на мапата секогаш ќе биде поврзана со најемотивниот дел од моето детство. За вас таа е ваш дом, ваша иднина и ваша убава приказна. Во секоја улица, со секое училиште во секој поглед на вашите деца, во секој поглед на луѓето што веруваат во оваа заедница, рече Ковачки