Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да реконструираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, најави градоначалникот на Бутел и кандидат за уште еден мандат, Дарко Костовски.


-Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово. Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период. Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива. Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд, вели Костовски.