Кошаркарите на Пелистер со пораз стартуваа во ФИБА Еврокупот

Кошаркарите на битолски Пелистер со пораз го почнаа настапот во ФИБА Еврокупот, откако вечерва загубија на гостувањето во Загреб од Цедевита јуниор со 94-76.

Хрватскиот тим од самиот почеток ја имаше контролата врз резултатот и на полувреме Пелистер беше во негатива од девет поени (44-35).

Натпреварот продолжи во ист ритам и по паузата и во завршните десет минути Цедевита јуниор ја зголеми предноста на 67-53.


Пелистер се обиде да се врати резултатски во игра и на средина од четвртата четвртина дојде до минус поени негатива (74-64), но битолскиот состав немаше сили за резултатски пресврт и на крајот претрпе убедлив пораз.

Вилсон заврши со 17. и Митревски со 16. поени беа најефикасни во редовите на Пелистер, која во второто коло од групата „Д“, кое е на програмата на 22. октомври, во Битола ќе го пречека словачкиот противник Превидза.